недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: План за заборав на општина Чаир од страна на СДСМ

ФОТО: План за заборав на општина Чаир од страна на СДСМ

Во програмата “ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА“ на Социјал демократскиот сојуз во делот на приоритетни предлог приоритетни проекти за локален развој во Општина Чаир беа ветни изградба на старски дом, изградба на мини катна гаража на ул.Џон Кенеди и целосно реновирање на амбулантата, ова денеска преку реакција го истакнува советникот од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Чаир, Никола Несторовски.

-Поминаваат скоро три години како што СДСМ ја предводи оваа Влада, меѓутоа пензионерите во Чаир кои се во сепоголем број, се изманипулирани и излажани,затоа што се надеваа на новстарски дом со сите потребни стандарди кои ќе бидат доволни за нивна соодветна грижа. Поради се поголемата потреба на жителите на Општина Чаир, беше ветено дека ќе се реновира амбулантата – Поликлиника Чаир, меѓутоа и ова ветување е лага за граѓаните на Чаир кои веруваа дека ќе има подобри услови за живот, а не дека ќе се соочат со проблем да нема каде да го остварат своето право за редовна и квалитетна здравствена заштита. Секако да се напомене, дека Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и оваа Влада ветуваа Мини катни гаражи на улицата Џон Кенеди иЧаирчанка, две локации со најмногу проблеми за паркирање на автомобилите на жителите кои живеат на овие населени места, но и тука се изманипулирани и излажани граѓаните на Чаир и нивните секојдневни проблеми се уште поголеми и попроблематични од претходно, потенцираа Несторовски.

Тој додава т дека сите овие манипулации и лаги на СДСМ ги препознаваат Чаирчани и јасно ќе се изјаснат против овие политики на следните Предвремени парламентарни избори и ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за Обнова на Македонија.

-Како советници од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир секојдневно се среќаваме со сите целни групи на граѓани,запознаени сме со проблемите и можеме да ветиме максимално и посветено дека ќе се заложиме за Обнова на Чаир,Скопје и Република Македонија, рече Несторовски.