Љубителите на велосипедскиот адреналин имаат ново катче во градот!, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Велес Марко Колев.
-Официјално е пуштена во употреба pump патеката во Градскиот парк каде сите љубители на овој спорт ќе можат да се рекреираат и да ги унапредуваат своите вештини.
Уживавме во изведените егзибиции од младите на своите велосипеди и скејтборди, но и ние аматерите имавме можност да ја почувствуваме возбудата.
Велес станува поубаво место за живеење за сите генерации, да го чуваме!, пишува Колев во својата објава.