На 21-годишнината од војната во која загинаа македонските бранители, споменик вреден 200 илјади евра посветен на борците на УЧК ќе биде свечено откриен во Слупчане. Изградбата беше најавена уште лани на 2 мај, денот кој ДУИ го слави како ден на „бранителите“.
Овој споменик е во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона, рече тогаш Ахмети.
Токму на 2 мај и ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот го сподели градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи од ДУИ.
За она што мачениците го дадоа за нашата слобода, ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот, пишува тој.