недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Во општина Кичево се случува еколошка катастрофа од невидени размери

ФОТО: Во општина Кичево се случува еколошка катастрофа од невидени размери

Ова што се случува е еколошка катастрофа од невидени размери, директно уништување на животната средина и закана по здравјето не само на животинскиот свет туку и на луѓето. Во прилог може да видите како во 2018 година помпезно беше најавуван и за среќа на граѓаните и реализиран проектот со пречистителната станица.
https://www.moepp.gov.mk/…/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0…/, стои во Фејсбук статусот на Советничка група на Вмро-Дпмне и Коалицијата на Општина Кичево.

– Но исто така во прилог може да видите како и дали воопшто се користи оваа станица и покрај тоа што граѓаните на своите сметки редовно добиваат и редовно ја плаќаат таксата за одпадни води. Свесни сме дека надлежните домашни институции нема да превземат ништо, затоа апелираме до комисиите на ЕУ да проверат за што и на кого му даваат средства за проекти кој што не функционираат. Ова е уште еден проект – дело т.е. злодело што се реализира од агендата на „ЗЕЛЕНИТЕ“, се додава во објавата.