среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Георгиески со ребалансот на буџетот на клубот од Нефи Усеини му додели речиси 50.000 евра

Георгиески со ребалансот на буџетот на клубот од Нефи Усеини му додели речиси 50.000 евра

Со денешниот ребаланс на буџетот, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески предизборно на ФК Воска во сопственост на поранешниот советник Нефи Усеини му додели 2.750.000 денари или речиси 50.000 евра .

За потсетување кога опозицијата пред околу две години бараше средства за поддршка на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, власта ги одби со образложение дека општината не може да финансира приватни спортски клубови, пишува порталот Охрид24.

Но, сега на три месеци пред локалните избори тоа не важи, па така Константин Георгиески со пари на граѓаните и во услови на тешка финансиска криза ќе го финансира клубот на неговиот коалиционен партнер, Нефи Усеини.