четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Општини

Георгиевски: Жителите на Илинден добија ноќна линија од ЈСП, околу 90% од населението во Миладиновци во 2023 година ќе биде приклучено на колекторскиот систем на пречистителна станица

Георгиевски: Жителите на Илинден добија ноќна линија од ЈСП, околу 90% од населението во Миладиновци во 2023 година ќе биде приклучено на колекторскиот систем на пречистителна станица

„Едно од најглавните барања на жителите на општина Илинден беше воведување на ноќна линија во вечерните часови која што за жал досега не ја имавме. А, токму ваква линија е од исклучително значење за граѓаните на оваа општина. Заедно со ЈСП Скопје се договоривме да почне таа линија и на наша среќа и задоволство веќе од 1-ви февруари започнаа оваа ноќна линија која што сметам дека е од исклучително важна за сите граѓани. Таа се сообраќа на линијата 63Б затоа што нас досега последна ноќна линија ни беше на последна 50ка или во населбата Хиподром. Сега буквално ја продолжуваме и добиваме линија ноќна која опфаќа 10.000 жители кои што можат да ја користат во вечерните часови“, истакна Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден во гостување на утринска емисија на МТВ.

Георгиевски додаде дека во наредниот период треба да се пушти во Миладиновци во употреба пречистителна станица.

„Таа станица е еквивалент со жители која ќе ги задоволи потребите на целото населено место Илинден. Сега се работи на примарна и секундарна мрежа, се гради колекторски систем. И оваа година и наредна година ќе се активно работи за да може цело населено место да се приклучи на тој колекторски систем. Така да очекуваме во 2023 година целото Миладиновци да биде приклучено на мрежата, барем од околу 90% од Миладиновци да биде приклучено на пречистелната станица“, нагласи Георгиевски.