На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 11 часот на избирачките места излегле 1.404 лица со право на глас. Тоа е 14,11 проценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше.
Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска до сега не се забележани неправилности или прекини во изборниот процес и се се одвива во нормални услови.
Претходно, на првиот пресек до девет часот, во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи, односно излезноста беше 5,52 отсто. Во оваа општина има 39 избирачки места за право на глас имаат 9.948 граѓани.
На овие избори се гласа во еден круг за градоначалник бидејќи има двајца кандидати.