понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Голем пожар во атарот на штипското село Калапетровци

Голем пожар во атарот на штипското село Калапетровци

Голем шумски пожар има во атарот на штипското село Калапетровци. Од утринава пожарот го гаснат 15 пожарникари, а од воздух се вклучија и двата ер трактори и хеликоптери.

Командирот на ТППЕ-Штип Дарко Коцев за МИА вели дека станува збор за голема површина, а гори и шума. Според него, станува збор за пожар кој е подметнат.

-Во тек е гаснењето на пожарот и од земја и од воздух во атарот на село Калапетровци. На терен сме 15 пожарникари, од воздух реагираат и авионите и хеликоптери. Овде на местото е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели Коцев.

Тој посочи дека во моментов во штипскиот регион активни се два пожара. Огнената стихија на планината Серта е под контрола, но по завршувањето на овој пожар кај селото Калапетровци пожарникарите и авионите ќе бидат насоечени кон планината Серта, каде што гори нискостеблести растенија и шума од петокот.  (МИА)