На денешните предвремени избори за градоначалник на Ново Село ниту еден од двајцата кандидати, Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ, не го доби потребниот број гласови.
Имено, според податоци од штабовите на двајцата кандидати има голем број неважечки ливчиња и најверојатно тие пресудиле да нема победник денеска.
Според последните информации, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој од почетокот на броењето заостануваше околу 60 гласови зад кандидатот на СДСМ, Никола Андонов, на 30% од преброените гласови води со 545 наспроти 530.