Денес остварив средба со координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Македонија, Халим Омер Согут и неговите соработници.
Разговаравме за продлабочување на соработката и унапредување на условите за живот во нашата општина преку реализација на проекти од заеднички интерес. Им се заблагодарив за досегашната плодна соработка и очекувам во иднина да ги продлабочиме нашите пријателски односи за доброто на граѓаните и просперитетот на нашите држави.
Во Василево, но и во регионот, ТИКА има реализирано повеќе проекти за решавање на проблемите на ранливите категории граѓани, како и вложување во образованието и здравството.