среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Градоначалникот на Велес најави изградба на повеќе потпорни ѕидови во градот

Градоначалникот на Велес најави изградба на повеќе потпорни ѕидови во градот

Во тек се градежни работи со кој се подготвува теренот за изградба на потпорен ѕид на улица „Кирил и Методи“ под црквата Св. Пантелејмон откако се урна камениот ѕид и уништи дел од улицата и го загрози сообраќајот. Во најскоро време ќе се градат и потпорни ѕидови на улиците „Димитрија Чуповски“, „Ганчо Хаџи Панзов“ и „Благој Ѓорев“.