Градоначалникот на општина Демир Хисар, Никола Најдовски, заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар, Гоце Мицковски, извршија увид на градежни работи – изградба на општински пат, локален патен правец од с. Граиште до манастир Св. Тома, крак пат с. Вардино до манастир Св. Тома.
Тие извршија и увид во работата каде што механизација на ЈКП „Комуналец“, вршеше расчистување и проширување на патот до населеното место Мало Илино.