петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Општини

Граѓаните од Јака на протест: Бараме да имаме асфалт, одвод, тампонирање и пробивање на останатите улици кои што не се пробиени

Граѓаните од Јака на протест: Бараме да имаме асфалт, одвод, тампонирање и пробивање на останатите улици кои што не се пробиени

„Бараме пробивање, тампонирање, асфалтирање и одвод на улиците во Јака. Толку години, протестираме за основни човекови права и барања што се вика“, истакна револтирана граѓанка на денешниот протест во населеното место Јака, Илинден.

Таа во својата изјава за медиуми додаде дека досега четврти пат како протестираат но одговор од надлежните власти и средба се уште нема.

„Бараме да имаме асфалт, одвод, тампонирање и пробивање на останатите улици кои што не се пробиени. Имаме едно испратено барање на кое што не добивме никаков одговор досега. Протест ви кажав како и сега, ова е веќе четврти пат како протестираме. Досега имавме неколку средби кои што не успеаја да се реализираат од кои како причини не знаеме. Значи не ни беше ништо образложено“, појасни граѓанката.

Таа посочи дека ниту едно барање на граѓаните од Јака не им беше задоволено.
„Градоначалникот кажа дека е до Владата, дека требало општината само 10% да уреди во Јака меѓутоа ние не го добивме тој договор, побаравме да видиме договор за кој што нели Владата се обврзува дека ќе ги заврши останатите делови од Јака“, нагласи граѓанката во изјавата за медиуми.