недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Хотел „Романтик“ не е зафатен од страшниот пожар во Велес

Хотел „Романтик“ не е зафатен од страшниот пожар во Велес

Во страшниот пожар кој пред неколку дена го зафати Велес, предизвикана е огромна штета.

Иако некои медиуми објавија дека гори и хотел „Романтик“, од хотелот велат дека не биле зафатени од пожарот.

-Како што може да посведочат и нашите гости хотелот функционира непречено и воопшто не е зафатен од пожарот кој изби на езерото Младост. Истото можете да го потврдите и со официјалниот извештај од МВР, велат од „Романтик“.