вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Општини

Илиевски: Од каде му се еден милион евра пари на кандидатот Димитриевски

Илиевски: Од каде му се еден милион евра пари на кандидатот Димитриевски

Димитриевски да одговори од каде му се средства за изборна кампања, кога ниту една партија не стои зад него“, истакна кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски.

Тој вели дека Димитриевски со донации асфалтира улици.

– Димитриевски треба да каже од каде му се над милион евра за изборна кампања, кога ниту една партија не стои зад него, и ниту едно членство. По примопредавањето на функцијата градоначалник од моја страна ќе биде спроведена целосна ревизија на целиот изборен процес на улици кои бесправно се градат, на сите дејствија кои ги има преземено а и целокупна ревизија на работењето изминатиот мандат. Не може во Куманово една иста фирма да ги добива тендерите сите патишта да ги гради. Во моментов се случува класичен поткуп на гласачите во Куманово со изградба на улици со донации, кој дава донации да гради улици со готовина на денот на изборите и една недела претходно. На многу прашање ќе одговори по изборите-рече Илиевски.

– Целокупниот четиригодишен мандат на противкандидатот Димитриевски беше еден театар и тоа граѓаните на Куманово го знаат. Театарот продолжува и во оваа изборна кампања каде што тој прави прекршоци а се снима, си праќа самиот себе си пораки, потоа ги објавува јавно. Зошто не ги покаже пораките со поткупувачот на гласови, лично со него каде што се гледа дека самиот знаел за поткупот кој се подготвувал. Самиот имал Фејсбук комуникација со посредникот и треба јавно да ја објави. На пораката пишува „Мики ми кажа ви требале средства“, а посредникот дури му ставил и срце на таа порака.