вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Илиевски: Во изминатите 10-тина дена во Брвеница чистевме депонии, канали, тампониравме земјен пат и правевме редовно одржување на патиштата

Илиевски: Во изминатите 10-тина дена во Брвеница чистевме депонии, канали, тампониравме земјен пат и правевме редовно одржување на патиштата

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски преку статус на Фејсбук пишува дека во изминативе десетина дена работеле на неколку работи во општината кои се од големо значење за жителите на ова место.

-Во изминативе 10 работни дена, освен секојдневните тековни работи и средби со жителите на општина Брвеница, успешно работевме на:

ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИИ ВО МИЛЕТИНО И ТЕНОВО,

ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛОТ ВО БРВЕНИЦА,

РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТОТ ЗА ГУРГУРНИЦА,

ТАМПОНИРАЊЕ НА ЗЕМЈЕН ПАТ ВО Г. ЧЕЛОПЕК И

УСПЕШНО ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА НА НОВИОТ КОНЦЕСИОНЕР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА.

#ПромениПроектиПобеди, стои во неговиот пост на Фејсбук.