петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Интервју со кандидат за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов: Граѓаните бараат нова сила која ќе го подобри животот на сите

На средбите со граѓаните добив низа укажувања за лошо менаџирање на локалната самоуправа од актуелниот градоначалник , како и за лоша реализација на ветените проекти. Граѓаните нагласуваат дека на општината и е неопходна промена , како и нова сила и енергија која што ќе работи за подобрување на животот на сите граѓани на Василево, вели кандидатот за градоначалник на Василево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов.
Интервју со кандидат за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов: Граѓаните бараат нова сила која ќе го подобри животот на сите

Кој беше мотивот да се кандидирате за прв човек на општината?

Главен мотив да се кандидирам за градоначалник на општина Василево е желбата повторно во работата на општинатаприоритерда бидат индустриските зони, да се разговара за намалување на невработеноста, да се градат канализациони системи, да се донесат детални урбанистички планови едноставно враќање на епитетот економски развиена  општина  и  овозможување услови младите да останат во Василево и тука да оформат  свои фамилии. Василево има голем потенцијал за раст и развој.

Што велат граѓаните на средбите на терен?

На средбите со граѓаните добив низа укажувања за лошо менаџирање на локалната самоуправа од актуелниот градоначалник , како и за лоша реализација на ветените проекти. Граѓаните нагласуваат дека на општината и е неопходна промена , како и нова сила и енергија која што ќе работи за подобрување на животот на сите граѓани на Василево.

Времето застанало одамна во сите населени места. Последен пат градоначалникот или некој од функционерите биле пред минатите избори.

Граѓаните препознаваат дека нивниот глас ,значи глас и поддршка за сите проекти кои заедно ќе ги испишеме во победничката програма.

Оттука со што би стартувале во вашата работа?

Следуваат четири години напорна работа, големи промени и предизвици, а ветувањата кои се дадени остануваат главен мотив и уште од првиот ден ќе се  работи на нивна реализација.Неопходно е да се направи ревизија на досегашното работење, па потоа ќе се започне со реализирање на суштинските проекти за општина Василево.

Главен проблем во сите населени места се канализационите системи.Актуелниот градоначалник воопшто не посвети внимание на овој проблем. Голем дел од нашата енергија и време ќе посветиме на решавање на овој проблем. Ние го знаеме овој проблем бидејќи сме постојано меѓу народот и изборната програма за настап на престојните локални избори во Василево ќе ја подготвуваме заедно со граѓаните.

Ќе создадеме тим кој ќе работи на проекти за прекугранична соработка и обезбедување на средства од ИПА фондовите. Во изминатите четири години воопшто не се работеше на тоа поле .

Од кои начела ќе се  водите во работата?

Едноставно е. Станува збор за следните принципи по кои ќе работам:  отчетност, чесност, отворена општина за сите граѓани.