Изгоре семејна куќа во планинското село Мглинце во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Пожарот избувнал вчера во 14 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале противпожарни единици од Старо Нагоричане и Куманово.
Поради лошата конфигурација на теренот, пожарникарите го гаселе пожарот во два наврати.