Излезноста во Општина Крива Паланка на првиот круг од Претседателските избори до 15 часот е 47,2 отсто, а своето избирачко право го искористиле вкупно 8.000 граѓани.
– Излезноста е 47,2 отсто, изборниот ден протекува мирно без никакви попречување и проблеми, изјави Душко Арсовски, претседател на општинската изборна комисија во Крива Паланка.
Вкупно 16.982 граѓани од општината имаат право на глас и истото можат да го остварат на 47 избирачки места.
Во Ранковце до 15 часот гласале 42 отсто од вкупниот број гласачи.