петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Изречени 29 санкции за брзо возење во Куманово

Изречени 29 санкции за брзо возење во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово вчера спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, како што известија денеска од МВР, на подрачјето на Куманово биле санкционирани 29 возачи, од кои 25 во населено место и 4 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.