петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Изречени вкупно 286 мерки за брзина на подрачјето на СВР Тетово

Изречени вкупно 286 мерки за брзина на подрачјето на СВР Тетово

Во рамките на акциската контрола спроведена денеска (5 март) од 10 до 18 часот, откриени и законски санкционирани се 159 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-96 и ГВ-63).

Десет од нив биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-7 и ГВ-3), 55 пречекорувања (ТЕ-32 и ГВ-23) до 70 километри на час и така натаму.Покрај ова, биле санкционирани и 127 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-76 и ГВ-51), од кои 1 (ТЕ) за над 50 километри на час, како и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-7).

-СВР Тетово продолжува со контролни активности и во наредниот период и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи кои се однесуваат на дозволената брзина, со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот во поширокиот Полошки регион, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.