Првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев денес беше во посета на реконструираниот градски парк Љупчо Шкартов.
„Денес со нашите пријатели од Здружението за заштита на животните Шепи, бевме во посета на реконструираниот градски парк Љупчо Шкартов. Еден од клучните проекти во изборната кампања е изградба на стационар за животни. Овој стационар не би функционирал без луѓето кои искрено и несебично ги сакаат животните. До сега Општина Кавадарци заедно со Шепи, реализираше поставување на едукативни табли на 10 локации низ градот а во тек и пописот на мачиња и кучиња. Во наредниот период како дел од овој проект ќе се изградат и два парка за миленичиња и ќе се доделат ваучери за кастрација и стерилизација на кучиња и мачиња. Кавадарци за сите!“, објави Јанчев на Фејсбук.