петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јетлумт Пашоли нов в.д. директор на болницата во Дебар

Јетлумт Пашоли нов в.д. директор на болницата во Дебар

Со решение на министерот за здравство Фатмир Меџити, за нов вршител на должноста директор на Општата болница со проширена дејност во Дебар е назначен, Јетлумт Пашоли.

Пашоли, е специјалист по општа хирургија а во служба на здравјето на дебрани е три децении, кој тргнал по стапките на неговиот татко Бурхан Пашоли, еден од најпознатите лекари во поширокиот дебарски регион.

Во својот работен век, Јетлумт Пашоли,  во два наврати бил и директор на тогашниот Здравствен дом.

Доаѓа на местото на Севдије Коxa, педијатар, која за в.д. директорка беше назначена во јули минатата година.

Дебарската општа болница, во која се вработени 179 лица,  со здравствена заштита ја покрива и општина Центар Жупа, а во итни случаи дава услуга и за жителите од подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше.  (МИА)