понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Каде завршија 40 илјади евра од паркот во село Будаково: На граѓаните им останаа само празни ветувања од градоначалничката Гулевска (ФОТО)

Каде завршија 40 илјади евра од паркот во село Будаково: На граѓаните им останаа само празни ветувања од градоначалничката Гулевска (ФОТО)

Револтирани граѓани од селото Будаково во општината Могила испратија како изгледа ветениот, а неостварен парк од сегашната градоначалничка Јасмина Гулевска.

Од фотографиите може да се забележи дека овој парк ниту од далеку не наликува на зелена површина за рекреација на жителите на ова населено место.

Од тука се поставува прашањето каде завршија 40 илјади евра за еколошкиот проект во кој се поставени само стотина квадрати бекатон –плочки.

Средствата се обезбедени инаку по основа на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општините од РЕК Битола, кој се наоѓа во непосредна близина на општина Могила.