четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Карбинци годинава ќе ги поддржи спортистите и клубовите

Карбинци годинава ќе ги поддржи спортистите и клубовите

Општина Карбинци и годинава ќе издвои средства за поддршка и развој на спортот. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека дополнително се инвестира и во изградба и реконструкција на нови спортски игралишта на територијата на општината.

-Во изминатава 2022 година општината издвои 1.300.000 денари за поддршка во спортот на повеќе основи. Вложивме во општинскиот фудбалски клуб и еден дел во боречките клубови во Карбинци. Оваа година издвоивме исто толку средства, но се надевам дека ќе ги зголемиме, но и јавно повикувам општествено одговорни компании од територија на Општина Карбинци да се вклучат во помагање на спортските клубови, за афирмација на спортот во општината, рече Паунов.

Тој најави и дека првпат оваа година манифестацијата „Спортист на годината“ за 2022 година ќе се одржи и во Општина Карбинци. Признанија и награди ќе се доделат на спортисти, спортски клубови и важни личности во спортот во Општина Катбинци за претходната година, а целта е да се развие спортот во општината.

-Утре, среда, од 18 часот, првпат во Општина Карбинци ќе се организира манифестацијата „Спортист на годината“, ќе се доделат признанија на повеќе важни личности, од повеќе спортски клубови во Општина Карбиници, додаде Паунов.

Очекува оваа манифестација да прерасне во традиција во Општина Карбинци. (МИА)