Градоначалникот Касами го објави списокот на луѓе кои од општина Тетово примале пари со договор на дело. Вкупно 811 договор на дело (за 406 луѓе), а многу од договорците не оделе на работа. Некој земал 9.000, некој 15.000, а некои по 25.000 денари месечно, стои во Фејсбук статусот на Антонијо Милошоски.
– Богата Виена сигурно има помалку договори на дело за 2021 година, но можно е некој од овие и да живеел во Виена, а да си земал месечна бонус плата од општина Тетово во времето на Теута, додава Милошоски во својата објава.