среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Касами ја разреши директорката на тетовската гимназија

Касами ја разреши директорката на тетовската гимназија

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја разреши директорката на тетовската гимнаија „Кирил Пејчиновиќ“ Теута Лала. Таа најави дека решението базирано на „тенденциозен“ ревизорски извештај ќе го обжали.

Теута Лала изјави дека ревиорскиот извештај е така подготвен со цел таа да биде разрешена од функцијата.

„Сметам дека решението кое што го добив од градоначалникот Касами е незаконско и ќе го обжалам. Ќе ги продолжам сите процедури за да се увиди дека извештајот е селективен кон мене и ќе сторам сѐ вистината да излезе на виделина“, рече Лала.

Од Општина Тетово пак, информираат дека училишниот одбор го разгледал ревизорскиот извештај и дека дал предлог за разрешување на директорката.

Во извештајот меѓу другото е наведено дека се направени финансиски прекршоци и дека е нарушен воспитно – обраовниот процес.