Тетовскиот градоначалник Билал Касами најави дека ќе има зголемување на кадарот во општинскиот инспекторат и нови простории за службата откако денеска имаше средба со вработените. Тој смета дека со реализирање на тие две работи, оваа општинска служба ќе биде поефикасна.
–За жал, продолжуваме да констатираме дека како и претходно во ЈКП условите во кои работи инспекторатот се катастрофални. Во делот на просторно сместување во овие канцеларии ги немаат минималните услови и во систематизација на луѓе и во делот на другите кадровски можности кои се потребни на инспекторатот за да му служат на граѓаните. Договоривме со директорот во следните денови да ги координираме сите активности ургентно да најдеме решение за просторот, за сместувањето, да најдеме минимални услови за работа, во кадровскиот дел да се екипира инспекторатот, за да може да им служи на граѓаните, изјави Касами.
На новинарските прашања за актуелната политичка состојба Касами не сакаше да одговори и посочи дека е тука како градоначалник. Одговори за Советот на општината каде се очекува првата конститутивна седница.
–За советот во понедленик е закажана седница. Требаше денеска, но поради овие ситуации, за понеделник е закажана седница, рече Касами.
На прашањето дали ќе се реализира најавата за бесплатен паркинг, Касами одговори дека е назначаен е директор на јавното претријатие за градски паркинг од кого очекува да достави извештај по што ќе се одлучува за тоа како ќе работи оваа служба.