Денеска претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци Зоран Јованчев пред Спомен плочата во Кавадарци положија свежи цвеќе на плочата во центарот одбележувајќи 125 години од формирање на првиот комитет на ВМОРО во Кавадарци после Солунскиот комитет.
Имено во 15 јули 1894 година на 15 јули секретарот на ВМОРО Дамјан Груев дошол во Кавадарци и веднаш ги побарал Иванче Минчев и Јанаќи Ќурчиев негови соученици од Солунската гимназија. Од нив побарал да му обезбедат луѓе со кои може да говори за училишните и црковните проблеми во Тиквешката каза. Од таму заминале во куќата на Пане Иванов кој бил главен учител во кавадаречкото основно училиште и Јованче Велков претседател на црковно училишната општина.Набргу Даме се уверил дека има работа со сериозни и предани луѓе пред кои не треба да има никакви тајни. Тогаш станал и им рекол:„Другари да не седиме повеќе со скрстени раце. Ние во Солун формиравме организација чија што цел е извојување политичка слобода по пат на револуционерна борба„.Тогаш ги запрашал дали и тие би сакале да станат членови на таква организација. Откако добил потврден одговор Даме го извадил преписот од статутот на организацијата и пред евангелието, револвер и кама, положиле заклетва на верност спрема организацијата.
Во првиот состав на организацијата влегле: Пане Иванов, кој бил избран за претседател а за членови биле избрани Иванче Минчев-чиновник и учител, Јованче Велков-трговец и Јанаќи Илиев Ќурчиев-трговец и кожувар. Следниот ден заминале во ваташкото училиште во придружба со членовите на првиот комитет од Кавадарци, овде во просториите на училиштето се формирал комитетот на ВМОРО во кои влегле: Тодор Поп Андов, Лазо Сојтериев, Коцо Јорданов, Жарко Димов, Трајче Дубров и Пано Поцев. Со ова Кавадарци ја има таа чест да биде прв град во Македонија во кој е формиран првиот комитет на ВМОРО после Солун.
Нека им е вечна славата на членовите на првиот комитет на ВМОРО во Кавадарци.