среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Казнети 42 пешаци на територија на СВР Битола

Казнети 42 пешаци на територија на СВР Битола

Во текот на денешниот ден (17.10.2022) во периодот од 09:00 до 14:00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 42 пешаци.

За време на контролата регистрирани се и 7 други видови прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.