четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Казнети 61 лице за неносење маски во Велес

Казнети 61 лице за неносење маски во Велес

Во изминатото деноноќие за непочитување на уредбата за носење лична заштита – заштитна маска, на подрачјето на СВР – Велес казнети се вкупно 61 лица, и тоа 33 во Велес, 21 во Кавадарци и седум во Неготино.

Портпаролот на СВР – Велес, Верољуб Додевски апелира до граѓаните да носат заштитни маски за заштита на уста и нос, со цел да го заштитат сопствено и здравјето на останатите граѓани од ширењето на епидемијата на Ковид-19.