четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Казнети голем број возачи на територија на СВР Штип, еве какви прекршоци направиле

Казнети голем број возачи на територија на СВР Штип, еве какви прекршоци направиле

На 15.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 38 прекршоци, од кои 22 надвор од населено место и 16 надвор во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за непрописно вградени заштитни фолии и 4 за непрописно паркирање.