Власта предводена од СДСМ веќе трета година како не ги исполнува лажните ветени проекти пред граѓаните на Кичево за време на изборите во 2016 година.
Коалицијата на СДСМ и ДУИ веќе со години ја предводи власта во Кичево, додека градот личи на голема дива депонија, а граѓаните секојдневно мака мачат со чадот, смрдеата, загаденоста и кучињата бездомници.
Властите со денови не ги чистат контејнерите, а загадениот воздух и ова зимо ќе ги гуши граѓаните на Кичево се додека властите не го решат овој проблем за кои очигледно мува не ги лази.