вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Китански: Модерното и современото образование за младите во Пехчево е еден од многуте важни приоритети за нас

Китански: Модерното и современото образование за младите во Пехчево е еден од многуте важни приоритети за нас

Да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест и задоволство да работам во служба на моите сограѓани, да ја направиме општината Пехчево подобро и помодерно место за живеење, истакна кандидатот за градоначалник на општина Пехчево, Александар Китански.

Китански додаде дека ги знае сите проблеми на граѓаните од општина Пехчево. Локалното население, на кое основната егзистенција во животот им е сточарството и земјоделието се соочуваат со многу проблеми, за кои институциите на актуелната ненародна власт немаат слух.

– За да докажеме дека не сме исти, гарантираме реализација на проектите кои се наоѓаат во нашата програма, од кои како приоритетни области ги издвојувам економијата преку која општината ќе ја издигнеме економски и ќе овозможиме подобар животен стандард на сите наши граѓани. Да ја подобриме инфраструктурата во општината и да ја зголемиме мобилноста на граѓаните за побрзо и поефикасно поврзување во патната инфраструктура. Исто така ви нудиме неколку проекти како нов оддржлив концепт за урбанизација и домување. Модерното и современото образование за младите од општината исто така е еден од многуте важни приоритети за нас, рече Китански.

Китански укажа дека за град Пехчево ќе вложи огромен труд, човечки и интелектуални ресурси како и средства за развој на сите овие компоненти.

– Еден од приоритетите за зајакнување на фискалните капацитети на општината се ниски и рамни даноци кои ќе придонесат за поддршка на одржливиот економски развој.

Реконструкција односно доизградба на речното корито Пехчевска река;
Изградба на мрежа за атмосферска канализација во Пехчево;
И како трето би издвоил изградба на градска капела во Пехчево;
За населените места во општината генерално ќе се посветиме на средување на проблемите со водоснабдувањето што во програмата е подетално објаснето, како и реконструкација на многу пати најавуваниот локален пат за изградба – Чифлик – Умлена – Робово, кој е во очајна состојба, но никако да му дојде редот да биде реконструиран, вети Китански.
Китански додаде дека во областа на економијата ќе обезбеди поддршка на мали и средни претпријатија и формирање на општински фонд за поддршка на мали бизниси.

– Општина Пехчево сакаме да ја направиме да биде модерен и атрактивен туристички центар во регионот. Имајќи ја во предвид големата улога на туризмот во локалниот економски развој, се повеќе ја препознаваме потребата од збогатување на туристичката понуда и подигнување на одржливиот квалитет во овој сектор, истакна Китански.

Китански рече дека општината ќе се залага за спроведување на годишните програми на пензионерите како и финансиска поткрепа за редовните активности на здружението на пензионери за општина Пехчево. Ќе се залага за овозможување на еден оброк дневно за изнемоштените стари лица и пензионери со достава до нивните домови и лесен пристап до медицинска помош. Исто така општината ќе излезе на пазарот со понуда за јавно приватно партнерство за изградба на старечки дом за олеснување на животот во пензионерските денови.

– Драги сограѓани, ајде и ние да се приклучиме во победничката инвазија која на 17-ти oктомври ќе ја зафати нашата држава! Ве повикувам да го заокружите бројот 7 за градоначалник и бројот 7 на листата на советници на коалицијата за „Обнова на Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Китански.