Денес започнуваме со отстранување на рушевината која што дваесетина години е грда слика во овој дел на Зрновци! На овој простор по целосно расчистување, се обврзуваме да изградиме нов детски парк со реквизити за игра за најмалите, рекреација за возрасните! Продолжуваме да ја градиме Општина Зрновци во урбано место за живеење, за доброто на сите граѓани, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев.