Општина Зрновци ќе добие нов спортски рекреативен центар во вредност од 6 500 000 денари, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Зрновци Борчо Коцев.
По комплетно изготвена проектна документација и аплициран проект.
Во село Мородвис на местото на земјеното игралиште, ќе никне нов модерен спортско рекреативен центар.
Овој спортско рекреативен центар ќе содржи:
Модерно фудбалско игралиште, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување.
Баскет игралиште, нови кошеви и ново лед осветлување.
Ново модерно детско игралишт.
Нов парк за рекреација на граѓаните.
Продолжуваме посветено и одговорно да ја градиме општина Зрновци, за доброто на сите граѓани!, пишува Коцев во својата објава.