петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Која е причината за затварање на старата и ненавремено отварање на новата депонија во општина Гевгелија?

Која е причината за затварање на старата и ненавремено отварање на новата депонија во општина Гевгелија?

Изминатиот период Гевгелија помина низ една еколошка катастрофа од која последиците се очигледни и се на товар на граѓаните на Гевгелија.

Градската депонија гори 2 месеци и го загадува воздухот во Гевгелија заради неспособноста на градоначалникот Сашо Поцков и неговите соработници.

Вдишувањето на воздух со високо концентрација на чад од горење на депонија е опасно по здравјето бидејќи има огромни концентрации на високо отровни елементи кои предизвикуваат отежнато дишење, главоболка и дезориентација
Гевгелија се наоѓа на работ на вонредна состојба.

Локалната самоуправа е само нем набљудувач без конкретни мерки за надминување на овој проблем, со што наиде на големи критики од опозицијата и повеќе општествени организации во Гевгелија.

Визијата на Поцков за “Зелена Гевгелија “ се претвори во ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА предизвикана од несериозниот пристап на работа на оваа локална власт.

Револтираните граѓани на Гевгелија сеуште не го знаат одговоротзошто се уште не е ставена во функција новата депонија кај с.Ново Конско?

Проект кој Поцков го наследи со превземањето на локалнатавласт пред 3,5 години, во кој удел имаа УНДП и општина Гевгелија.

Гевгеличани требаше да бидат сведоци на отварањето на новата времена депонија уште во јуни 2020 година , датум за кој Поцков во изјава за Канал 5 вети дека Гевгеличани најпосле ќе ја добијат новата депонија.

За жал при последната контрола од страна претставници од на УНДП констатирани се голем број недостатоци во новата депонија заради неспособноста на оваа локална власт.

После 3,5 години се уште не е издадена Б-Интегрираната дозвола, која според ЗЖС треба да овозможи отпочнување со работа на времената депонија со неопасен отпад.

После 3,5 години се уште на новата времена депонија нема вода и струја, иако општината набавила фотоволтаични системи кои Гевгеличани ќе ги чинат 907.741 денар или 15.000 евра.

На лице место на новата депонија констатирано е дека геотекстилната мембрана која служи за заштита од загадување на неколку места е искината затоа што 3,5 години експертите функционери заборавиле истата да ја заштитат со речна песок.

Зошто никаде ја нема речната песок, за која во системот за јавни набавки јасно се гледа дека е реализиран договор на 23.12.2020 и чини 236.000 денари ???

Исто така битен е и моментот во кој Поцков вети затварање и ревитализација на старта депонија.

Министерството за животна средина на почетокот на годината распиша Mеѓународен тендер за ревитализација на Старата депонија кај Сува Река. Станува збор за неискористените 420.000 евра од средствата со кои Грчката влада учествуваше во изградбата на Прочистителната станица. Со постигнатиот трилатерален договор меѓу Швајцарската, Грчката и Владата на РСМ за реализација на овој проект беше договорена и ревитализација на Старата депонија.

Со проектот за ревитализација на депонијата се предвидува изградба на уште еден заштитен зид крај Сува Река, дислокација на отпадот во новата времена депонија и третман на целата локација. Предвидено е локацијата на досегашната депонија да биде уредена во зелена површина. Истовремено, на дел од локацијата при досегашните договори околу реализацијата на проектот беше предвидена можност за уредување на простор за рециклирање на отпдаот.Со ревитализација на Старата депонија се создаваат услови за профункционирање на Времената депонија за комунален отпад кај Ново Конско.

На 4-ти Јуни годинава беше објавено дека правно лице од Софија, Бугарија е избрана како најповолен понудувач за реализација на проектот за затворање на дивата депонија кај Сува река во Гевгелија, за што веќе е потпишан и договор со ЈПКД „Комуналец” од Гевгелија.

Беше најавено дека ќе стартуваат и работите за отстранување на депонираниот комунален отпад со воведување на изведувачот во проектните активности,но засега нема реализација.

Целата хронологија на настани е нелогична, од страна на Поцков постојано беше ветувано конкретни периоди во кои требаше да започнат изведбените работи во однос на овие проекти, но сите тие датуми беа промашени и во реалност не се случува ништо.

Последиците од нереализација на овие проекти , директно допре до граѓаните на Гевгелија што од аспект на нормален живот така и од здравствен аспект.

После се, сето ова прераснува во една голема низа прашалници за тоа кој ќе сноси одговорност за нарушеното здравје на граѓаните на Гевгелија заради непочитување на ветените датуми за реализација?

Уште колку ќе се чека за почеток на ревитализација на старата депонија и конечно решавање со еколошката катастрофа настаната од таа депонија?

Како новата депонија на с.Ново Конско ќе функционира после ревитализацијата на старата депонија ,покрај нејзиното оштетување и искинатата геотекстилна мембрана?

Значи ќе се отпочне со затварање на старата депонија, а новата депонија не може да биде ставена во функција заради несериозноста и неспособноста на Поцков.

Многу прашања остануваат неразјаснети иако Поцков треба во јавноста да образложи зошто е настаната еколошка катастрофа во Гевгелија и кој ќе понесе одговорност за настанатата ситуација.