Моментално општината е во стабилна состојба и имаме финансиски средства кои ни стојат на располагање на општината, но имаме еден закон каде министерството за финансии кажува дека ни го ограничува буџетот заради тоа што во изминатите 20 години се случувало задолжување на општините од страна на градоначалници, изјави градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.
„Општина Велес е една од најпогодените општини во Република Македонија од енергетската криза заради тоа што со самото доаѓање на функцијата градоначалник на Општина Велес затекнав раскинат договор кој го имаше општината со економски оператор“, рече Колев.
Тој истакна дека иако очекувале за енергетската криза да им помогне државата, таа не им помогнала, иако тие преку ЗЕЛС неколку пати апелирале.
„Во првите неколку месеци од 2022 година и да скратиме се што можеше да се скрати,, се со цел да ги платиме сметките за струја. Иако се така високи сметките за струја, ние не должиме ниту еден денар кон ЕВН во моментов од каде се снабдуваме со електрична енергија“, посочи Колев.
Колев вели дека иако општината има сериозен удар од енергетската криза, сепак се успеа да се направи над 20 улици во општината, неколку паркови подобрување на хигиената, како и вложуваме многу во спортот и културата.
„Во изминатите 4 години префрлањата од страна на Владата кон Општина Велес на два пати се префрлени сериозни финансиски средства еднаш 50 милиони друг пат 30 милиони евра за капитални проекти, но оваа година такви трансфери од Централната власт кон локалната власт нема. Ова се проекти кои сме ги направиме со сопствени финансиски средства“, дециден е Колев.