вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Продолжуваме со реконструкција на фекални канализации

Колев: Продолжуваме со реконструкција на фекални канализации

Продолжуваме со реконструкција на фекални канализации на улиците „Страшо Пинџур“, Никола Оровчанов“ , Илинденска“, „Јовче Чучук“ и дел од улицата „Орце Шутев“, информира градоначалникот на Велес, Марко Колев.

-Реконструкцијата на фекалните канализации е дел од проектот на Министертсвото за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациони мрежи. Вредноста на овие градежни зафати е 11.099.950 денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“. Заедно со в.д. директорот на ЈКП „Дервен“ денеска бевме на лице место на градежните зафати, пишува Колев на Фејсбук.