четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Реконструкцијата и асфалтирањето на улиците низ градот се еден од приоритетите на Општина Велес

Колев: Реконструкцијата и асфалтирањето на улиците низ градот се еден од приоритетите на Општина Велес

Денеска заедно со советниците од УЗ „Славе Петков“ Дејан Палашев и Димитар Абрашев извршивме увид на градежните работи на улицата „Архиепископ Михаил“. Реконструкцијата и асфалтирањето на улиците низ градот се еден од приоритетите на Општина Велес, вели Марко Колев, градоначалник на општина Велес.

-По асфалтирање на дел од улиците „Енгелсова“, „Петар поп Арсов“ и „8 Март“, денеска за продолжуваме со асфалтирањето на дел од улицата „Архиепископ Михаил“. Градежните работи ги изведува фирмата „ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ“, пишува Колев на Фејсбук.