Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев инфомираше дека улицата “Димче Мирчев” се реконструира!
– Согласно предвидената динамика отпочнавме со подготвителни градежни активности на улицата „Димче Мирчев“ по што оваа улица ќе се реконструира со бехатон плочки. Продолжуваме посветено, за поубав Велес, напиша Колев во неговата Фејсбук објава.