петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев во посета на Превалец: Граѓаните заслужуваат подобар живот

Колев во посета на Превалец: Граѓаните заслужуваат подобар живот

Заедно со претседателот на Советот на Општина Велес денеска бевме во работна посета на населба Превалец каде се изведуваат градежни работи за бетонирање на дел од улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри.

Градежните работи ги изведува фирмата „Евро Инженеринг, а средствата се обезбедени од Програмата за уредување на градежно земјиште вo висина од околу 1.400.000 денари со вклучен ДДВ.

Истовремено ја споделувам информацијата дека Општина Велес потпиша Договор со изведувачот за санација на колектор за одведување на фекални отпадни води во населба

Превалец, во должина од околу 200 метри. Градежните работи се очекува да почнат до крајот на годинава, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.