петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Започна реконструкција и модернизација на коловозот на патниот премин на ул. „Илинденска“ – мост „Гемиџии“

Колев: Започна реконструкција и модернизација на коловозот на патниот премин на ул. „Илинденска“ – мост „Гемиџии“

Отпочна реконструкција и модернизација на коловозот на патниот премин на ул. „Илинденска“ – мост „Гемиџии“! Целокупната финансиска инвестиција е обезбедена од Општина Велес и од Македонски железници и инфраструктура кои учествуваат со по 50%. Голема благодарност до Македонски железници и инфраструктура за нивниот придонес во целокупното изведување на градежните зафати, информираше градоначалникот на Велес, Марко Колев.

Тој напиша во својата Фејсбук објава дека следен премин за реконструкција е во Дворови, а и дека понатаму ќе следуваат и премините на Стар мост, Речани и Оризари.

– Со овие градежни зафати значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот на овој дел и ќе се намали амортизацијата на возилата. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност, додава Колев во својот Фејсбук статус.