среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Започна реконструкцијата на водоводната линија на улица „8 Септември“

Колев: Започна реконструкцијата на водоводната линија на улица „8 Септември“

Деновиве започна реконструкцијата на водоводната линија на улица „8 Септември“ во должина од 202 метри.

Овие градежни зафати се дел од проектот финансиран од Министерството за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“. Реконструкцијата на водоводната линија е во вредност од 3.974.000 денари, објави градоначалникот на општина Велес Марко КОлев.