Последните неколку денови општина Ранковце ја тресат скандали, во кои скандали се вклучени и челници од актуелната власт, објавува Дневно.мк
Имено, пред неколку дена е извршен противправен дотур на огревно дрво за противпожарната станица „ТППЕ Ранковце“, која се наоѓа на само неколку метри до полициската станица.
За огревното дрво претходно не се пополнети неопходните формулари и сродни документации. Печат кој го издава шумската полиција не е побаран, и едноставно огревното дрво е обезбедено на нелегален начин, кој подлежи на кривична одговорност.
Дел од истата огревна маса завршил во самата општина во Ранковце, па шумската полиција соодветствувала според пропишаните закони и ја конфискувала приколката со огревна маса, која е во сопственост на комуналното претпријатие во Ранковце, ЈКП „Чист ден“.
Приколката која на фотографиите е прикажана како оштетена е искршена бегајќи од шумската полиција, која пак, покажала професионалност и ги уловила на лице место.
Имаме информација дека моментално се одвива акција од страна на шумската полиција, која треба да пристигне и да ја подигне нелегално стекнатата огревна маса.
Огревното дрво е набавено од таканареченото „чистење“ на експресниот пат кој се гради од Република Бугарија до клучката на Страцин, како и од „чистење“ на локални патишта.
Граѓаните прашуваат до кога ќе трае ова обезличување на зборот право и правдина, до кога ќе трае ова своеволие на градоначалникот Тошевски, како и на локалните моќници, чии раце се одврзани до максимум?
Се уште на овие прашања нема соодветен одговор, а дали ќе биде така и во иднина, останува да видиме.