четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Борба за надеж и спас на Битола, заедништвото на битолчани ќе ја понесе победата на 31 октомври

Коњановски: Борба за надеж и спас на Битола, заедништвото на битолчани ќе ја понесе победата на 31 октомври

Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година е формирана организацијата која ќе го промени текот на македонската историја! Организацијата која се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, организација која е зачеток на формирањето на современата македонска држава, истакна денеска кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

23 октомври – денес е

– борба за надеж и спас на Битола!
– борба за зачувување на Битола од бизнис пајташите кои сакаат од неа да заработат, место за неа да работат!
– борба за почиста и поздрава Битола!
– борба за да ни останат младите овде, за подобри работни места!
– борба за Битола, град на културата, град на спортот!
– борба за Битола со современа патна инфраструктура!
– борба за еднакви услови за живот и во градот и во селата!
– борба за современи градинки и училишта, како што заслужува секое дете!

Денес е борба во која сме сите заедно и токму заедништвото на битолчани ќе ја понесе победата за Битола на 31 октомври!

Нека ни е вечна Битола, нека ни е вечна Македонија!