недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски го доби уверението за нов градоначалник на општина Битола

Коњановски го доби уверението за нов градоначалник на општина Битола

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Тони Коњановски, денеска од општинската изборна комисија го доби уверението за градоначалник на Битола.

Коњановски на изборите победи во вториот круг со освоени 24.708 гласови, пред неговиот противкандидат Христо Кондовски, кој освои 21.978 гласови, или 2.730 помалку гласови.

Официјалното предавање на градоначалничката функција е закажано за утре во 11 часот пред општината Битола.