четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски изврши увид во градежните работи при изградба на коловоз на улицата „Крушевска Република“ и стадионот „Петар Милошевски“

Коњановски изврши увид во градежните работи при изградба на коловоз на улицата „Крушевска Република“ и стадионот „Петар Милошевски“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката со која се реализира проектот за изградба на коловоз на улицата „Крушевска Република“, која е од особно значење за сите учесници во сообраќајот, затоа што со нејзиното завршување, ќе се овозможи значително растоварување на сообраќајот на улицата „Партизанска“.

Градоначалникот Коњановски, изврши увид и на работните активности на стадионот „Петар Милошевски“, кои во моментот се во завршна фаза.