сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Мојот проект е ослободување на комуналните такси, за инвестиција која е поголема од 500.000 евра и која ќе вработи минимум 50-тина луѓе во здравството

Коњановски: Мојот проект е ослободување на комуналните такси, за инвестиција која е поголема од 500.000 евра и која ќе вработи минимум 50-тина луѓе во здравството

Имавме средба со директорот на приватната болница „Плодност“ и го промовиравме проектот, проектот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој проект е ослободување на комуналните такси, за инвестиција која е поголема од 500.000 евра и која ќе вработи минимум 50-тина луѓе во здравството ,истакна Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола во емисијата на МТВ.

Коњановски додаде дека секоја инвестиција е добродојдена посебно во здравството.

-Ги отвораме вратите за приватниот капитал, оние кои што сакаат да инвестираат, да не ги кочиме туку да им ја отвориме вратата. Тоа е проект кој го презентиравме на граѓаните, рече Коњановски.

Коњановски заклучи дека неговата програма е изработена врз база на барањата и потребите на граѓаните и исто така проектите се реални и остварливи.

-Во изминативе четири години не се ништо сработи за да се привлечат странски инвеститори. Таа слика е лоша слика за Битола, особено за инвестициската клима. Таа слика под итно треба да ја промениме. Знам компании кои доаѓаа но не можеа ниту прием да добијат“, нагласи Коњановски.
Коњановски посочи дека кога тој ќе стане градоначалник секоја инвестиција ќе има ист третман и ќе работи да привлече што повеќе инвестиции во Битола.