Што се случи со поддршката на актуелниот в.д. градоначалник и кандидат за градоначалник Константин Георгиески за само една и пол година?
Тој на локалните избори за градоначалник на Општина Охрид освои 13.000 гласови.
Овие 13.000 гласови се за 2.000 помалку дури и од советничката листа на СДСМ на локалните избори во 2017, која ја предводеше токму Георгиески.
Константин Георгиески во првиот круг на локалните избори победи, но таа победа ја донесоа гласовите на етничките заедници. Гласови според упатените гласовите му ги донел советникот и претседател на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.